вторник, 19 мај 2009 г.

Вратница

Вратница (англиски - Vratnica) е мало населено место лоцирано во северозападниот дел на Република Македонија, на 22 km оддалеченост од градот Тетово и на само 5 km од граничниот премин со Србија и Црна Гора - Јажинце.
Вратница се наоѓа во горниот дел од Полошката котлина, во подножјето на северниот дел на Шар Планина, под врвот Љуботен, на околу 720-750 метри надморска височина.

Google ја обнови колекцијата на сателитски слики за програмата Google Earth. Во оваа обнова (2-ри Јуни 2007) значително се подобрени снимките од големите европски земји и додадени се многу региони кои до сега не беа присутни, меѓу кои се наоѓа и Вратница.

Како и другите села во Македонија така и во Вратница поради миграционите движења село - град, бројот на жителите се намалил од 1384 жители во 1961 година на 572 жители денес. Во 1994 година селото броело 572 жители, од кои Македонци 522 жители, Срби 33 жители и 17 жители изјаснети како “други“. Според најновиот попис од 2002 година Вратница брои 505 жители од кои:

Историја на Вратница

Вратница за прв пат се споменува во Турските книги и документи во XV-от век. Забележано е дека во тоа време во Вратница живееле 59 семејства. До XVIII-от век постоеле разни видови на миграција, но не е доволно јасно како тие се случувале и каква била положбата на Вратница во тоа време.
Селото Моравце е исто така важно за историјата на Вратница. Тоа се наоѓало на само 800 метри од денешна Вратница. Во времето на турската окупација жителите на ова село биле угнетувани, така што биле приморани да бараат подобри услови за живот. Тие се насочиле кон север, накај Косово и средна Србија, но повторно биле приморани да ги напуштат и овие краишта.
Конечно, тие се вратиле назад и заедно со луѓето кои останале во родната земја ја формирале современа Вратница.
Потекло на името
Се смета дека Вратница го добила името поради миграциите што ги вршеле нејзините жители и враќањето во родниот крај. Исто така постои една друга теорија дека вели името потекнува од фактот дека Вратница е премин (врата) помеѓу Качаник и Полошката котлина.

Традиција

Во Вратница постои повеќедецениска традиција во одржувањето на следните настани:

  • Костановден (Св. Константин и Елена), месна слава (3 јуни). Се одбележува во манастирот „Цар Константин и царица Елена“ во месноста „Честодубје“ под Вратница.
  • Прославување на празникот Илинден (2 август) на Љуботен и покрај Ливадичкото езеро (на Шар Планина).
  • Илинден на Љуботен

    Напишано од Саше Антиќ

    13.01.2007.

    ImageПо традиција секој 2-ри aвгуст (Илинден) се оди на Љуботен. Уште од 30-ти или 31-ви јули некои луѓе се упатуваат кон Планинскиот дом на Љуботен, за да ги пречекаат оние кои ќе дојдат по ден-два. Обично најмногу луѓе поаѓаат на 1-ви август, за да пристигнат за 2-3 часа, зависно од тоа дали одат пеш, со трактор, автомобил и сл.За овие 2 дена на Љуботен може да се види сe’ и сешто. Преку ден некои луѓе шетаат по планината, некои берат планински чај, други се кријат од жешкото летно сонце. Вредно е да се посетат некои преубави места кои се во близина: врвот Љуботен, Козја Карпа, Џандарска Бука, Рогачески Корита, Ливадица...

    Вака е преку ден, а навечер.. Во вечерните часови се палат големи огнови, и покрај нив се пеат песни, се кажуваат шеги, закачки, се нуди пријателот со некој пијалок... Фештата трае до раните утрински часови. Малку подоцна околу планинскиот дом може да се сретнат мамурливи лица кои веројатно се напиле малку повеќе минатата ноќ. Кога сонцето е највисоко на небото, скоро сите минатовечерни „славеници“ се на нозе. Секој се труди да направи уште некоја далавера што не му успеала во изминатите денови. :)

    Доцна попладнето сите задоволни од убаво поминатите празнични денови, се упатуваат надолу кон своите населби. Навистина е прекрасен овој Љуботен

Инфраструктура

Вратница денеска е урбанизирано населено место со развиена патна, комунална, енергетска и телекомуникациска инфраструктура, како и водовод.
Вратница е поврзана со градот Тетово преку регионалниот пат Тетово - Јажинце. Исто така целата (поранешна) општина Вратница е обезбедена со постојана асфалтна патна мрежа која овозможува релативно добра безбедност во сообраќајот.
Во тек е финализирање на изградбата на фекална канализација со пречистителна станица која трајно ќе го реши проблемот со отпадните води во селото.
Вратница е покриена со квалитетен телекомуникациски сигнал преку оптички кабел до центарот на Македонски Телекомуникации во Тетово, како и брз Интернет (ADSL и Wi-Fi) пристап. Вода за пиење Вратничани добиваат изворите кои се наоѓаат во планинскиот предел над селото, а истата поминува низ неколку прочистителни станици; додека вода за наводнување се користи од реката Раќита.
Со електрична енергија Вратница се снабдува преку далноводи, во главно од хидроцентралата Маврово, а за стабилност на системот во селото се инсталирани три трансформатори.

Вратница е наделеку позната како место кое има многу иселеници.

Вратничани може да се сретнат во многу западноевропски земји, но најмногу ги има во САД, поточно во околината на градот Детроит (државата Мичиген).

Вратница во лето


Испечати

Напишано од Саше Антиќ

13.01.2007.

ImageВратница во лето... Еее, за оваа тема може да се пишува на долго и на широко. со, овде ќе ги наведеме во мали црти, сите оние нешта што ја одразуваат Вратница за време на летниот период.
Почнувајќи од јуни па таму некаде до средината на септември, Вратница врие од луѓе. се само што врие од луѓе, ами и од високи температури, убави девојки, на некому му врие во глава .. :)
Летната шема во Вратница е следна:
Некаде околу 10:30-11:00 часот предпладне се собираат групи момци и девојки, како и повозрасни жители на Вратница и правец Ракита (Вратничка река, или како што овде ја викаме - Раќита).
Таму секој има слобода да прави што сака, но највообичаено е капењето и сончањето. Најмногу е посетено местото наречено Цкало, каде што од многу одамна постои традиција за изградба на вир (витал). Тоа се наоѓа на околу 15-тина минути одење по течението на Ракита почнувајќи од Мотелот во Вратница. Цкало изобилува со убави карпи за сончање, а богами и со симпатични девојки, кои придонесуваат за надополнување на севкупниот впечаток.
Малку погоре од виталот во Цкало се наоѓа и еден извор со ледено студена вода. Ако сте љубител на природата тука може да наидете на многу интересни пејсажи. Одејќи погоре од изворот, можете да ги видите прекрасните водопади на Ракита, или пак местото каде се влеваат Ливадичка и Љуботенска река и ја образуваат Вратничка река. На река остануваме додека не ни се пријаде :), значи до некаде 15-16 часот попладне и потоа полека се спуштаме кон Вратница, одиме дома.
После мала починка од „уморот на река“, некаде околу 18-18:30 сите се упатуваат накај школскот двор на Основното Училиште „Симче Настовски“. Тамошните случувања се една голема приказна која тешко е да се опише со зборови.
Бидете ова лето во Вратница, па ќе ја почувствувате атмосферата. Три спортски игралишта (за фудбал, кошарка и одбојка), нон стоп исполнети со спортисти; трибини полни со спортисти кои чекаат „боља“ (некој да изгуби натпревар па тие да влетаат на терен), со „мрзеливи полу-спортисти“ кои се на границата меѓу спортисти и трач мајстори, и трач-махери кои гледаат сеир и си потпевнуваат некоја песничка под мустаќ.
На фудбалскиот терен се водат вистински битки, а најуспешни се покажуваат екипите од Вратница и Беловиште, иако знаат да победат и Рогачевчани, Стареселци или Одрани. На кошаркарскиот терен обично не се игра вистинска кошарка на два коша, туку баскет и тоа на еден кош со по две екипи со 3 играча. Најдобри се Вратничани и тоа во состав: Саше Чале, Саше Антиќ, Мире Шофер, Горан и Мише Дангала. Овие петмина се менуваат од игра во игра, зависно дали некој е повреден, има работа на поле, или брка девојки низ школскиот двор. Единствени достојни противници им се Белојштаните: Сашо Ќисел, Маки и Славчо (овој последниов скоро замина за Америка).
Одбојкарите се исто така активни и има да се видат навистина добри партии.
Во школскиот двор има и друг вид на спортови и спортисти: скокање преку јаже, нишање на нишалка, „слушање музика у кола или ван кола за да се чуе кој има појаќи звучници“, јадење сливи од блиските сливови дрвја, млади мајки ги бркаат немирните синчиња и ќерки... итн... итн...
Целата оваа фрка трае до некаде 21:00 навечер, кога сите се прибираат дома, за да се подготват за вечерното излегување. А, навечер кај се излегува во Вратница ?!!
Повозрасните обично одат во бифето на ФК „Хајдук“, а младите се упатуваат кон кафе баровите „Jack Daniel's“ и „Анастасија Н.Г.“ каде преку лето гостуваат многу естрадни ѕвезди од македонската и exYU естрадата. Забавите и журкањето траат долго во ноќта, а се испреплетени со многу енергија, заводливи погледи, смеа... Кој ќе остане малку подолго вечерта, тешко дека ќе стане навреме наредното утро за да оди на река, па затоа ајде сите на спиење.. :)
Оваа Вратничка шема со мали измени се повторува секој ден. Освен вообичаените дневни случувања во текот на летниот период има и повеќе спортски турнири, од кои би ги споменале оние во фудбал во Беловиште и Рогачево, како и мајските фудбалски турнири во Вратница и Старо Село. Неизбезно е да се напомене и излетот на Љуботен на 2-ри август, кога оваа планина е исполнета со многу љубители на природата.
Целата летна брканица во Вратница трае до некаде средината на септември. Тогаш секој тргнува по патот кој го прекинал некаде во Јуни, за да пак долета во Вратница на почетокот на следното лето.
За да го почувствувате мирисот на Вратница во лето - повелете посетете не. Ќе поминете прекрасно, незаборавно.

Последно ажурирање ( 24.05.2007. )

Селска слава Костановден


Испечати

Напишано од Саше Антиќ

13.01.2007.

ImageКако и секое маало, улица, населба, така и Вратница има своја слава. Таа е Костановден (или како ние ја викаме - Костаноан), и се слави на 3-ти и 4-ти Јуни.
Како и порано така и денес се применуваат одредени адети во врска со славата, иако има некои измени.
Порано секое семејство кршело колач на темелите (ѕидините) на старото црквиче кое се наоѓало во месноста Често Дубје, на југ од Вратница. На средсело се пеело и играло од зори до доцна навечер.
Момците и девојките ги покажувале своите играчки и други квалитети, постарите со воодушевување го следеле текот на секое оро и се присетувале на нивната младост. Било многу весело.
Денес исто така се игра и се пее за време на двата дена од славата. Сè се одвива на сред-село, во доцните попладневни часови. Полно жители на Вратница, роднини и пријатели од околните и подалечните места љубопитно го следат развивањето на секое оро. Има смеа и џагор насекаде наоколу, симпатични девојки и момчиња.
На 3-ти Јуни 2000 год. на местото на старата дамнешна црква во Често Дубје, поставени се темелите на Манастирот „Св. Константин и Елена“. Идејата е поддржана од Црковниот Одбор на Вратничката црква „Св. Петка“, како и од жителите на Вратница и околината.

Бадник и Василица


Испечати

Напишано од Драган

13.01.2007.

ImageНа 6 јануари (Бадник) некаде околу 15:00 часот, машките деца се собираат во групи од 3 до 5 члена и одат во сите куќи низ Вратница пеејќи коледарски песни за што добиваат подароци (јаболки, круши, ореви, костени, лешници итн).
Откако ќе ги поминат сите куќи и ќе се одморат, заедно со останатите селани се собираат во центарот на Вратница каде што се пали коледарски оган.
Таму се пеат песни, се јаде и пие принесеното од кумовите и се делат бадникови гранчиња.
Се разбира, тука е и колачот со три парички кои ги добиваат најсреќните Вратничани.
Според старите кажувања, оној што ќе добие паричка, ќе има среќа во текот на целата година. Една недела подоцна, на 13 јануари (Василица) сите мажи од Вратница, тргнувајќи од сред село ги поминаваат сите куќи. Тие пеат, играт и собираат подароци. Предводници на групата се бабата и дедото (млади маскирани момци) кои што прават мала претстава пред секоја куќа.
Една недела подоцна, во трпезаријата на црквата Св. Петка, се прави ручек од насобраните подароци. Ручекот започнува некаде околу 15:00 часот и трае сe до доцните вечерни часови. Освен јаденето, се разбира, тука се и музиката, песните и ората.

Култура и уметност


Испечати

Напишано од Саше Антиќ

13.01.2007.

ImageВо Вратница музиката, песната, забавата била присутна од памтивек. Секогаш во минатото, зависно од приликите, во Вратница се организирале игранки, приредби, театарски претстави... Гостувале повеќе познати македонски пеачи, театри, циркуски каравани.
Но, и самите Вратничани знаеле да направат добра приредба за себе, како и за пријателите од околните населби.
Во поново време во Вратница егзистирала и една дружина која нудела многу забава во овој крај. Се состоела од млади луѓе од Вратница кои во своето мени имале вклучено: народни ора и песни, драми, скечеви, рецитали, вицови, забавни песни, народни обичаи, а пред се ептен добра забава за тие што биле од другата страна на сцената, во публиката. Овие момци и девојки биле многу популарни во овој крај, но и пошироко. са нивните ноти, шеги.. играле и се смееле жителите на Вратница, Беловиште, Рогачево, Старо Село, Јегуновце, Теарце, Брвеница, Штрпце... Секој член на оваа дружина си имал своја конкретна улога и задача.
Особено се истакнувал бендот кој бил составен од врвни музичари од Вратница: Ванчо - на хармоника, Јорде - бас гитара, Томе Баснар - соло гитара и Дракче Баснар - тапани. Биле најавувани како најдобра музичка група од Гостивар до Приштина, а верувам дека биле и многу повеќе од тоа. Од овој бенд подоцна се создаваат повеќе други групи кои ќе бидат авангардата на музичката звук и култура во Вратница.
Кога се случувал некој поважен настан во Вратница, кога имало некоја свеченост, празник, игранка - оваа „луда дружина“ секаде го имала оставано својот белег. Драго ми е дека денес имам можност да контактирам со некои од овие луѓе, и да ги слушнам нивните стории за тоа како тие се забавувале и ги забавувале другите, со години во минатото.

Линкови -Вратница

Галерија - Вратница

Златен Занает

Аце15мк

Гитубанана

1 коментар:

  1. ФИНАНСИСКИ ПРОБИВ

    Животот навистина е БЛАГОСЛОВ. Јас сум Јусуф и моментално се наоѓам во Калифорнија, САД. Би сакал да го споделам со вас моето искуство за тоа како добив заем од 185.000,00 американски долари за да ги подмирам долговите кон банката и да започнам нов бизнис. Сè започна кога го изгубив домот и личните предмети поради банкарскиот долг што го направив за да покријам некои сметки и лични потреби. Бев очаен и почнав да барам средства на секаков можен начин. За среќа, слушнав еден колега како зборува за оваа компанија. Се заинтересирав, иако се плашев дека може да бидам измамен; сепак, ситуацијата ме принуди и немав друг избор освен да побарам совет од пријателот за оваа компанија, при што го добив нивниот контакт-број. Кога стапив во контакт со нив, навистина бев скептичен поради претходните искуства со онлајн кредитори, но не знаев дека оваа компанија – „Trust Bridge Financial Service“ – е вистински благослов за мене, моето семејство и целиот интернет-свет. Оваа компанија ми помогна многу мене и на некои мои колеги, а денес сум горд сопственик на добро организиран бизнис и успешно ги извршувам своите обврски, сето тоа благодарение на г-дин Марк од (trustbridgefinancialservice943@yahoo.com). Затоа, ако навистина ви е потребен заем – било за проширување или започнување сопствен бизнис, или пак се соочувате со какви било финансиски тешкотии – ве советувам да му дадете можност на г-дин Марк од „Trust Bridge Financial Service“ да ви помогне финансиски (е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com) и да не станете жртва на онлајн измами при обидот да добиете заем. Ви благодарам.

    Е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com

    ОдговориИзбриши